Во малото дерби на 8. коло во Првата лига во машка конкуренција екипата на Шкендија славеше минимално со 3:2 на гостувањето во Скопје против екипата на Работнички. За тетовци ова е шеста победа од почетокот на сезоната со која полека фажаат приклучок со екипте од самиот врв на табелата.
Лидерот и шампион Струмица оствари нова победа над екипата на Скопје, а максимални победи имаа и екипите на Штип УГД и Борец.
Во женскиот шампионат, по поразот од Јанта волеј во заостанатиот меч од 6. коло, шампионките Работнички им се вратија на победите со триумф на гости кај Струмица. Наковски Волеј се помачи во Штип на средбата со Младост УГД и славеше со 3:1, додека јанта Волеј продолжи со победите, овој пат во градската пресметка со Фит Фан Волеј.
ПРВА ЛИГА – МАЖИ / 8. КОЛО
Работнички 71&22 – Шкендија 2:3 (25:21, 23:25, 13:25, 28:26, 10:15)
Лирија – Сушево 3:0 (25:17, 25:20, 25:9)
Струмица – Скопје 3:0 (25:11, 25:20, 25:15)
ГОК Борец – Вардар 1947 3:0 (25:17, 25:18, 25:12)
Штип УГД – Весна Пробиштип 3:0 (25:20, 25:14, 25:15)
Македонија Џио – Јанта Волеј
ТАБЕЛА: 1. Струмица (21), 2. ГОК Борец (20), 2. Штип УГД (18), 4. Работнички 71&22 (17), 5. Шкендија (16), 6. Универзитет во Тетово (12), 7. Лирија (13), 8. Скопје (8), 9. Вардар 1947 (7), 10. Весна Пробиштип (4), 11. Македонија Џио (3), 12. Сушево (2), 13. Јанта Волеј (0).
ПРВА ЛИГА – ЖЕНИ / 8. КОЛО
Ускана – Вардар ЕМ 0:3 (13:25, 14:25, 9:25)
Младост УГД – Наковски волеј 1:3 (14:25, 25:22, 22:25, 21:25)
Фит фан волеј – Јанта волеј КВ 0:3 (21:25, 12:25, 21:25)
Струмица – Работнички 0:3 (11:25, 22:25, 14:25) ,
Заостанат меч од 6. коло
Јанта волеј КВ – Работнички 3:1 (23:25, 25:21, 25:14, 25:17)
TАБЕЛА: 1. Јанта волеј (23), 2. Работнички (20), 3. Наковски Волеј (20), 4. Фит Фан Волеј (11), 5. Младост УГД (9), 6. Вардар ЕМ (8), 7. Струмица (3), 8. Ускана Волеј (2).