Тимот на Работнички успеа на домашен терен денеска да слави во дуелот со Беса. По серијата на триумфи на стартот на сезоната, нормално во таборот на „Романтичарите“ дојде до замор, стагнација на играчки план, и серија од неколку мечеви без победа. Сепак, на тоа денеска му дојде крајот по убавиот триумф над тимот од Добри Дол.
Иако гостите имаа рана предност, Работнички сезонава има капацитет да се справи со такви ситуации. Рашид, Гандо и на два пати Регба погодија во противничката мрежа за вкупно 28 бодови сезонава.
Пред самиот меч доделен дрес со бројот 100 за Дин Аломеровиќ кој го одигра стотиот дуел сезонава.
Од друга страна пак голем плус за тимот е враќањето на Влатко Стојановски по повеќемесечна пауза поради повреда.