Познати се проблемите со кои се соочува Карло Анчелоти во одбраната на Реал, посебно по тешката повреда на Едер Милитао. Веќе наголемо се презентира дека желбата на “кралевите“ е Трент Александер – Арнолд, бекот на Ливерпул и репрезентацијата на Англија. Секако дека тоа би бил голем трансфер, но во јуни Трент е слободен а ако си замине од “Енфилд“ во јануари ќе треба да се плати отштета.
Токму затоа од таборот на Ливерпул, барем според пишувањето на медиумите во Шпанија и на Островот, челниците на Ливерпул веќе го контактирале Дон Флорентино Перез и му порачале:
“Го сакате Трент? Нема проблем, ќе ви го продадеме во јануари“.
Сега на потег е Реал, а интересно е тоа што токму овие две екипи вечерва се среќаваат на “Енфилд“ во меч од 5.коло во Лигата на Шампионите.