Џамал Мусиала (21), напаѓачот на Баерн Минхен и репрезентацијата на Германија, секако дека важи за еден од најдобрите фудбалери во светот. Се прогнозира дека кога – тогаш ќе ја освои и “Златната топка“. Неверојатна е трансформацијата за само четири години кога од еден срамежлив тинејџер се претвори во фудбалска ѕвер. Ханси Флик во таа 2020 година, за време на пандемијата го внесе во првиот тим,токму сегашниот стратег на Барса во Мусиала виде огромен потенцијал и не погреши.
Интересно е тоа дека во тоа време, кога почна да тренира со големите ѕвезди на Баерн, на тренинг го носеше неговата мајка и тоа со старо Поло.
А сега Мусиала вреди 150 милиони евра, заработува тешки милиони а Баерн Минхен за да го задржи му нуди нов договор со вредност од 20 милиони евра годишно, и тоа нето.
Инаку тој бил член и на Академијата на Челзи, но таму неговиот талент не е препознаен од тренерите на “сините“ од Лондон.
“Ги гледам Милер, Кимих, Ноер и останатите како со своите скапоцени автомобили влегуваат во тренинг центарот, а мене ме вози мајка ми со старо Поло. Бев горд, но пред секое влегување во кампот стравував дали обезбедувањето ќе ме пушти внатре“ малку на шега посочи сега веќе мега – ѕвездата Џамал Мусиала.