Ќато се враќа на клупата на Ренова токму за дуелот со Шкендија!

751

Ќатип Османи, шефот на струката на Ренова, поради болест не можеше да ја води својата екипа против Скопје на првиот меч сезонава. Можеби и затоа “гипсарите“ не беа на своето ниво, одиграа само 1:1 со “пиратите“ во неделата на стадионот под Шара.

Проблем е што играчите на Ренова во последните неколку денови тренираат без него, но сега Ќато подобро се чуствува и веројатно ќе се врати на клупата за неделниот меч. А тој меч дербито за Тетово, играат Шкендија и Ренова. Секако дека ова не се пропушта, па така и Ќатип Османи не сака да го пропушти.

ПретходноЛазаров и кадетите во полуфиналето на ЕХФ шампионатот
СледноЛазаров: Ако сакаме да изградиме тим, мораме да бидеме и трпеливи