Само неколку дена по завршувањето на есенскиот дел од фудбалскиот шампионат, екипата на Шкупи веќе ја заврши соработката со двајца фудбалер. Како што објавија попладнево од клубот, со меѓусебен договор е прекината соработката со Алекс Златков и Михал Пинтер.
Дефанзивниот играч за врска Златков дојде во Шкупи во летото 2022 година одсловенечки Триглав, додека една година подоцна дресот на Шкупи го облече и Словакот Пинтер.
Златков годинава играше на позајмица во Македонија Ѓ.П., додека Пинтер, во 18-месечниот период одигра 42 натпревари на кои забележа 1 гол и 4 асистенции.