Во сабота во меч од 15.коло во нашата ракометна лига се среќаваат Пелистер и Вардар. Уште едно вечно дерби, уште еден ракометен дуел на големите ривали.
А дека интересот за овој меч е голем покажува и фактот дека билетите за саботниот меч за цели седум минути се распродадени.
Ова и официјално го објавија од страна на РК Е. Пелистер. Значи во сабота во 18 часот, кога е закажан овој меч, салата “Боро Чурлевски“ во Битола ќе крца.
Дали е ова рекорд? За само седум минути билетите пламнаа!