Беса официјално се заблагодари на петмина фудбалери

1552

Екипата на Беса Добри Дол, очигледно на пролет ќе има поприлично поинаква физиономија одколку досега. Резултатите не се како што треба, клубот е во долниот дел од табелата, и очигледно дека промени мора да има.

Се стартуваше со носењето на Бобан Бабунски како тренер, а денеска Беса официјално се збогува со пет досегашни фудбалери.

Во прв ред тоа се искусните Малиќ Бељули и Илирид Адеми, а на овој список се и Емир Скендери, Филип Алексовски и Генц Гаши.

Секако дека на сите овие заминувања ќе се бараат адекватни замени.

 

ПретходноГи дочека своите пет минути: После пет години ќе биде „Х“ факторот на Анчелоти?
СледноМакедонија на линија со Бурак Алили