Пинг-понг: Меѓународна бронза за Изабела Ковачовска од Зегин Берово

45

Изабела Ковачовска од пинг понгарскиот клуб (ППК) Зегин Берово во категорија двојки заедно со Љупка Шенк од Босна и Херцеговина на меѓународен турнир во Нови Сад, Србија освои трето место во младинска категорија. 

Традиционалниот и меѓународен турнир во Нови Сад, Србија, се одржа од 13-ти до 15-ти Декември со учесници од многу европски земји што го прави овој успех уште поголем.

На турнирот настапија млади пинг понгари од неколку клубови од Македонија и голем дел од нив со добра игра издвојуваа пласман во 64, 32 и 16 најдобри од над 600 учесници.

Турнирот во Србија покажа позитивен тренд на развој на младите играчи од македонските клубови, не само по освоениот медал, туку и по прикажаната игра од десетиците наши претставници.

ПретходноЧави преговара за преземање на Милан
СледноБогоевски со порака до „иницијаторите“: Ако промените претседател сега ќе имате проблем и со ФИБА и со ИОК!