Дончиќ ја напуштил салата со патерици: Се молам за брзо закрепнување на Лука (ВИДЕО)

213

Лука Дончиќ го напушти теренот веќе во втората четвртина од натпреварот помеѓу Далас Маверикс и Минесота, кој го добија Вулфс со 105:99. Првите инфомрации укажуваат на тоа дека тој би можел да биде надвор од терените подолг период. Дончиќ ја отежна повредата на потколеницата на левата нога со која се мачи цела сезона, а она што засега останува под знак прашалник е колку е тешка.

Дополнителни тестови ќе го одредат колку време ќе биде надвор од терените. Моменталните прогнози се една до две недели ако повредата е помала и до шест недели ако повредата е посериозна. Дончиќ оваа сезона има просек од 28,8 поени, 8,5 скока и 8,1 асистенции.

„Тоа е болен удар за нас. Се молам за брзо закрепнување на Лука. Колку и да трае опоравувањето, ќе мора да се прилагодиме. Се надеваме дека ќе одвои време и ќе се врати кога ќе биде подготвен“, изјави Кајри Ирвинг, кој натпреварот го заврши со 39 поени.

Инаку, Дончиќ веќе пропушти осум натпревари оваа сезона поради различни повреди, од проблеми со десното колено, проблеми со зглобот на десната рака и повреда на левата пета.

Најубедлив беше Феникс кој со 110-100 го победи Денвер, Њујорк го победи Сан Антонио со 117-114. Виктор Вембањама имаше 42 поени и 18 скока, само Вилт Чембрелн на своето божиќно деби имал повеќе поени од него.

Голден стејт беше поразен од ЛА Лејкерс со 115-113 со кошот на Остин Ривс во последна секунда.

ПретходноСтруга ТЛ најголемите засилувања за напролет ќе ги има во Бојку и Шабани!
СледноМурињо ја напушти Турција со пет куфери: Немам стопер, немам лев бек…