Фатих Терим е нов тренер на Ал Шабаб

111

Трофејниот клуб од Саудиска Арабија, Ал Шабаб, денеска објави дека за нов тренер го назначува искусниот турски стратег Фатих Терим.

Термин во клубот од Ријад доаѓа на местото на португалецот, Виктор Переира, а за легендата на турскиот фудбал и не треба да се трошат премногу зборови.

На почетокот на овој век го освои купот на УЕФА со Галатасарај, а беше и осум пати првак на Турција.

Минатата сезона Терим беше на клупата на Панатинаикос.

 

ПретходноБукајо Сака е опериран и паузира два месеци
СледноЈуве со четири играчи „плус“ за утрешниот дуел со Фиорентина