Играчот за врска на Сампдорија Антонио Кандрева може да ја продолжи кариерата во Милан. „Росонерите“ се спремаат да достават понуда за 34-годишниот фудбалер, соопштува „Ла Република“. Од Сампдорија сакаат да го продадат Кандрева но само ако добијат убава понуда.
Минатата сезона Кандрева одигра 35 натпревари во Серија А и даде 5 гола и имаше 8 асистенции. Играше уште и за Удинезе, Ливорно, Јувентус, Парма, Чезена, Лацио и големиот милански ривал Интер.