Синер на суд во април, ВАДА не се откажува од суспензија

34

Светскиот тенисер број еден, Италијанецот Јаник Синер, ќе се појави пред Судот за спортска арбитража (CAS) во април, кој ќе одлучи по жалбата на Светската антидопинг агенција (ВАДА) со која се бара да биде суспендиран на најмалку еден година за допинг.

CAS објави дека е закажано сослушување зад затворени врати за 16 и 17 април во своето седиште во Лозана, Швајцарија.

Се очекува пресудата да биде изречена на забрзан начин, пред почетокот на Ролан Гарос, кој започнува на 25 мај.

ВАДА ја оспорува минатогодишната одлука на Меѓународната агенција за интегритет во тенис, која одлучи да не го суспендира Синер, наведувајќи ја случајната контаминација со забранети супстанции.

Агенцијата го прифати објаснувањето на Синер дека трагите од клостебол во неговиот допинг примерок ги предизвикал масерот на тенисерот кој ја користел супстанцијата за време на масажа.

Голем број врвни тенисери, меѓу кои и Новак Ѓоковиќ, предложија Синер да добие повластен третман.

ПретходноСолис Ромеро за триумф на Џирона
СледноЛече добитен кај Емполи