Како што дознаваме, досегашниот дефанзивен играч за врска на Вардар, Дарко Мицевски, кој од пред некој ден не е веќе член на нашиот најтрофеен клуб, е пред потпис со Силекс.
Преговорите веќе се во завршна фаза, па така останува само да се разговара за деталите од договорот, да се потпише договорот и секако клубот од Кратово да го промовира Мицевски како свој член.
Силекс кој есенскиот дел го заврши на првата позиција и кој има намера и тоа како да ја “брка“ четвртата титула во самостојна Македонија во пролетниот дел, има амбиции да го засили својот тим во овој зимски преоден рок.
Едно од тие засилувања е токму Дарко Мицевски.