Седлоски: Тука бев и за титулите и тука сум и сега…на мака се познаваат јунаците!

766

ФК Вардар од вчера е во “погон“. Нашиот најтрофеен клуб ги стартуваше зимските подготовки за она што го чека во пролетниот дел, А се знае што го чека. Битка во ПМФЛ за што побрзо избегнување од опасната зона и што подобар пласман во Купот на Македонија.

Денеска стратегот Гоце Седлоски имаше свој коментар за тоа што го чека Вардар во пролетниот дел, но и за другите работи како во врска со подготовките и преодниот рок:

Имаме пред себе голем предизвик. За нас секој меч напролет ќе биде како финале. Секако дека сакаме успешни настапи во Купот, но искрено приоритет за Вардар ќе биде првенството. Можам да кажам дека не чека тешка задача, но јас тука бев и и за титулите и тука сум и сега…на мака се познаваат јунаците“ вели Седлоски и продолжи:

Несомнено дека засилувањата се квалитетни, но на теренот се покажува квалитетот. Верокјатно ќе се заилиме со уште две – три нови имиња. Ќе се подготвиме најдобро што можеме во текот на овие подготовки. Ги знаеме своиоте цели, ќе дадеме се од себе да го подигнеме Вардар на повисоко ниво“ посочи стратегот на Вардар покрај другото.

ПретходноДарко Мицевски пред потпис со Силекс?!
СледноСпахиу, Талески и Пинтер во еден глас: Најважно е Вардар да победува!