Едиз Спахиу, Давор Талески и Михал Пинтер се само дел од новите лица во Вардар оваа зима. Сите тројца се доведени во нашиот најтрофеен клуб како големи засилувања, а тие знаат што се бара и што се очекува од нив.
Денеска тие имаа средба со претставниците на медиумите на која ги искжаа импресиите од новата средина, но и за очекувањата во пролетниот дел во однос на Вардар.
Словакот Пинтер дојде од Шкупи, и затоа добро знае што е и кој е Вардар:
“Ја знам лигата, тука во Македонија сум веќе година и половина. Нас не чека тешка задача. Мислам дека против Шкендија и Шкупи е најтешко да се игра, имаат најквалитетни екипи. Да, Вардар имал проблем со дефанзивата, но не е тоа дека сега јас сум тука. Целиот тим мора да оидгра максимално“ посочи дефанзивецот.
Давор Талески е еден од нашите најдобри голмани:
“Доаѓам од Шкендија. Што се вели ќе имам огнено крштевање, но тоа е и посебна мотивација. Нормално е дека има голема конкуренција и ќе се бориме за тоа стартно голманско место. Очекувањата се, нормално, да се подобрат резултатите. На Вардар не му личи да е тука каде што е сега. Секако дека и Купот е тука, но приоритет е првенството“ потенцираше новиот голман на Вардар.
Едиз Спахиу дојде од Тиквеш, и нему му е јасно дека од него се очекуваат голови:
„Сигурен сум дека ќе избориме опстанок, дека ќе се спасиме. Купот еднаш го освоив, знам како се прави тоа. Секако дека ќе го сакаме и тоа да го направиме. Градски ми „лежи“, имам давано голови за Тиквеш на овој стадион. Имам давано и за Тиквеш во баражот со Силекс, но и на Работнички. Според мене најважно е Вардар да победува“ истакна Спахиу.