Мирко Лазарески имаше одличен старт во новата сезона и тоа на интернационалната сцена, големи успеси на македонскиот скијач. Младиот Лазарески на слалом трката, која се одржа во ски центарот Банско се пласираше на 3-то место. Додека пак, на трката во австриски Турнау, во силна конкуренција на интернационални натпреварувачи, успеа да оствари 55.54 FIS точки кои го позиционираа на солидното 11-то место.