Тројна победа на Норвежаните на денешниот слалом кој се возеше во Венген. По две одлични возења славеше Атле Ли Мекграт, кој трката ја заврши за вкупно време од 1:45.94.
На второто место заврши Тимон Хауган (+0,18), а на трет беше Хенрик Кристоферон (+0,29).
Хенрик Кристоферсен е прв во генералниот поредок во слалом со 435 бодови. Марко Одермат е лидер и во вкупниот пласман на Светското првенство со 866 бодови.