Нов трипл-дабл на Јокиќ, Клиперс го добија градското дерби

129

Кошаркарите на Денвер славеа на гости против Орландо (113:100) со нов, 18-ти сезонски трипл-дабл на Никола Јокиќ. Со оваа победа, Нагетс дојдоа до рутинска 26-та победа во сезоната.

Јокиќ веќе на крајот од третата четвртина оствари трипл-дабл ефект, а во последната четвртина не влезе на паркетот, а мечот заврши со 20 поени, 14 скока, 10 асистенции, три блокади, три украдени топки.

Идентичен поентерски учинок имаше и Кристијан Браун (11 скока), Џамал ​​Мареј постигна 19, а Мајкл Портер Џуниор 15, со шест скока.

Кошаркарите на Милвоки на домашен терен беа подобри од Филаделфија совладувајќи ја со 123:109. Одлично издание за домашните имаше Јанис Адетокумбо кој средбата ја заврши со 34 поени и 15 скока. Покрај него кај домашните Лилард постигна 25 поени, а Мидлтон имаше 13.

Во градското дерби во Калифорнија, Клиперси ја остварија 24-тата сезонска победа славејќи над Лејкерс со 116:102. Зубац го предводеше тимот на Клиперс до победата со дабл-дабл учинок од 21 поен и 19 скока. Дабл-дабл имаше и Харден, кој покрај 21 поен успеа да реализира и 12 асистенции. Кај екипата на ЛА Лејкерс синоќа Леброн Џејмс имаше двоен ефект до 25 поени и 11 асистенции.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Орландо – Денвер 100-113

Милвоки – Филаделфија 123-109

Оклахома – Бруклин 127-101

ЛА Клиперс – ЛА Лејкерс 116-102

Портланд – Чикаго 113-102

Сакраменто – Вашингтон 123-100

Мајами – Сан Антонио 128-107

ПретходноРамо до рамо со Лазаров: Кузмановски влезе во историјата на Светските првенства
СледноМакедонските навивачи сведочат: Хрватите се изживуваа, бевме апсени за носење знамиња и казнувани со по 173 евра! (ВИДЕО)