Од Македонија и утре против Катар, меч кој започнува во 15.30 часот во Вараждин се очекува добар настап, да се даде максимумот и одново да се дојде до добар резултат.
Катар е селекција која не смее да се потцени, но исто така не смее ниту да се прецени ако се знае дека Македонија на ова СП игра на високо ниво.
Игор Ѓорѓиев, бекот на РК Алкалоид, за утрешниот дуел со Катар има свое видување:
“Играме против селекција која е квалитетна и искусна, која вчера против Холандија до самиот крај имаше резултатски егал. Јасно е дека ние сме помлада селекција од катарската, и тоа е нашата предност која треба да ја искористиме за да дојдеме до позитивен резултат. Секогаш кога играм во дресот на Македонија се чувствувам мотивирано, така е кај целата наша репрезентација. Утре се игра мечот, треба да се искористи времето за најдобра анализа и да излеземе и да победиме. Мислам дека ако имаме добра одбрана и добра полуконтра, можеме да победиме“ потенцираше Ѓорѓиев.