Никола Стоилевски е најновото засилување за тимот на Пролет. 25-годишниот ракометар настапува на позицијата десно крило и дополнително ќе ја засили конкуренцијата во тимот предводен од тренерот Никола Матлиески.
Негов последен клуб беше РК Охрид, а претходно во кариерата ги има брането боите на првиот и на вториот тим на Битола. Минатата година Стоилевски настапуваше и на неколку пријателски натпревари за сениорската репрезентација на Македонија.
Пролет го очекува учество во плејаут, зацртана цел е опстанокот да биде рутински осигуран, но и да се создаде позитивна атмосфера во пресрет на предизвиците што ќе го очекуваат нашиот клуб во наредната сезона.