Кошаркарите до 16 години го дознаа патот кој води кон враќање во А Дивизија

208

Денеска во Минхен се одржа ждрепка на која беа одредени сите натпреварувачки групи за претстојните младински првенства.

Ова лето Македонската кошаркарска федерација ќе биде организатор на Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари „Под 16“ години, а ќе биде реализирано во нашиот главен град – Скопје.

Освен оваа генерација, Кошаркарската Федерација ги пријави за учество селекциите до 20 и до 18 години во машка конкуренција, како и селекциите до 18 и до 16 години во женска конкуренција.

Ждребот посака кадетската машка репрезентација, која ќе настапува пред домашната публика, во периодот од 1. до 16. август, да биде сместена во групата Б, заедно со соодветните селекции на Полска, Словачка, Босна и Херцеговина, Ирска и Кипар.

Женската кадетска репрезентација ќе настапи на првенството (дивизија Б) кое ќе се одигра во Истанбул, Турција, во периодот од 20-29. август. Кадетките се сместени во групата местени во групата Д заедно со Грција, Бугарија, Литванија и Украина.

Машката репрезентација до 18 години ќе учествува на јуниорскиот Евробаскет (дивизија А) кој ќе се одигра во Белград, Србија, во периодот од 26. јули до 3. август. Нашата репрезентација е сместена во групата Ц заедно со домаќинот Србија, Грција и Литванија.

Женската репрезентација до 18 години ќе настапи на првенството (дивизија Б) во Алитус и Вилнус, Литванија, во периодот од .4. до 13. јули. Јуниорките се сместени во групата А заедно со соодветните национални селекции на Германија, Ирска, Шведска и Романија.

Највозрасната младинска репрезентација во машка конкуренција, до 20 години, ќе настапи на Евробаскет (дивизија Б), предвидено да се одигра во Јереван, Ерменија, во периодот од 11. до 20. јули. Младинците се сместени во групата Ц, заедно со Естонија, Летонија, Ирска и Ерменија.

ПретходноПогба по трет пат во ист клуб?
СледноМладинците ги дознаа противниците за Светското првенство!