Хрватска на „седмо небо“, гол во последна секунда за полуфинале

414

Домаќинот на ракоментиот Мундијал, репрезенатцијата на Хрватска, е првиот полуфиналист на Светското првенство. Предмалку, во преполната сала во Загреб, Хрватите со гол во последната секунда ја совладаа селекцијата на Унгарија и на тој начин создадоа невидена еуфорија и атмосфера пред самиот финиш на турнирот.

Хрватска потајно се надеваше на ваков развој на настаните, но играше топло ладно што се вели во текот на целито турнир. Сепак, кога беше најпотребно домаќинот одигра фајтерски со екстра финиш на мечот во кој не прими гол неколку минути, за да во последната секунда од позиција на девет метри Шипиќ постигна гол за конечни 31:30.

Хрватска сега ќе го чека победникот од Франција – Египет за противник во полуфинале.

 

ПретходноОфицијално: Елмас до лето во Торино
СледноФ1 тимот Алпин влегува во Мото ГП тимот Прамак