Ливерпул испрати еден од своите најголеми таленти во Ла Лига

135

Ливерпул го позајми младиот играч за врска Стефан Бајчетиќ во Лас Палмас. Договорот на 20-годишниот талент е до крајот на сезоната и не вклучува опција за купување.

Минатото лето Ливерпул го испрати Бајчетиќ во РБ Салцбург. Тој забележа 12 настапи во австриската Бундес-лига пред да му биде раскината позајмицата за играчот од средниот ред да се пресели во Лас Палмас.

Бајчетиќ во РБ Салцбург го донесе поранешниот помошник на Јирген Клоп во Ливерпул, Пеп Линдерс.

Бајчетиќ стартуваше како стартер на само 8 натпревари пред Ливерпул да реши да го отповика. Се очекува тој да дебитира за Лас Палмас во понеделник против Џирона.

ПретходноГетафе и Севиља одиграа без голови
СледноБаерн „растури“ па се опушти