Се работи за досегашниот член на тимот на Арсенал, Ејдан Хевен, кој што во моментов има 18. години и е со статус на У19 репррезентативец на Англија. Тој потпиша договор со клубот од Олд Трафорд со траење до 2029 година.
Тој веќе заигра за Арсенал сезонава во Премиер лигата, не секако со преголема минутажа.
„Исклучително сум горд што се приклучувам на Манчестер Јунајтед. Многу сум им благодарен на сите што помогнаа овој сон да се оствари. Има толку многу што сакам да постигнам во кариерата и ќе дадам се од себе за да продолжам со мојот развој и да станам најдобриот играч што можам да бидам“, изјави Хевен за официјалниот сајт на Манчестер Јунајтед.
Уште едно ново засилување на „црвените ѓаволи“, Патрик Доргу денеска се очекува да пристигне во Манчестер каде мора да ги помине медицинските прегледи и потоа да го потпише договорот.
Manchester United is delighted to announce the signing of Ayden Heaven 🤝#MUFC
— Manchester United (@ManUtd) February 1, 2025