Ноле се опоравува брзо, ќе може да игра и во Доха?

130

Новак Ѓоковиќ ќе биде подготвен за настап на турнирот во Доха. Иако првично, врз основа на снимките на повредата на бутниот мускул, се очекуваше пауза од неколку месеци, шестиот светски рекет ќе почне да тренира во следните неколку дена.

Ѓоковиќ рехабилитацијата ја започна во Србија, а поради повредата го загуби полуфиналниот меч од Александар Зверев на Австралија Опен откако го загуби првиот сет.

Турнирот во Доха на кој ќе настапат сите најдобри тенисери почнува на 17 февруари.

ПретходноХрватски лев бек во дресот на Борец
СледноКаква драма: Феникс од -17 до победа против Тиквеш после две продолженија