Германскиот шампион Баер Леверкузен останува во шампионската трка со Баерн Минхен во Бундеслигата, откако денеска во мечот од 20. коло успеа да го совлада Хофенхајм со 3:1.
Домашните брзо го затворија прашањето околу победникот, затоа што за само 20 минути веќе беше 2:0. Во 15. минута кога Бонифејс успеа да ја погоди за водство, а во 19. минута Фримпонг зголеми на 2:0.
Кога Патрик Шик со глава погоди за 3:0 во 51. минута, на сите им беше јасно дека бодовите остануваат во Леверкузен. Орбан намали на 3:1.