Денвер Нагетс на домашен терен во одличен натпревар го совладаа Њу Орлеанс Пеликанс со 125-113, а како што е традиција, Никола Јокиќ уште еднаш одигра фантастичен натпревар.
Српскиот репрезентативец оваа сезона блеска во дресот на Денвер и лесно покажува дека повторно ќе биде еден од главните кандидати за МВП на сезоната.
Јокиќ не беше најефикасен на теренот, но успеа да забележи уште еден трипл-дабл од 27 поени, 14 скока и десет асистенции. Портер беше најефикасен кај Денвер со 36 поени. Њу Орлеанс го предводеше Марфи со 41 поен, а се истакна и Меколум со 30 поени, шест скока и пет асистенции.
Помеѓу другите мечеви се издвојува победата на Сакраменто Кингс, која на гостински терен ја совлада Минесота со 116-114. Дерозан ги предводеше гостите до победата со 33 поени, а Рид беше најефикасен кај Минесота со 30 поени.
Девин Букер стана прв стрелец во постоењето на Феникс, заа жал неговиот тим загуби од Портланд со 119-121 по продолжение. Букер кој има 28 години, постигна 34 поени и го надмина Волтер Дејвис на вечната листа на стрелци на Санс.
Резултати: Шарлот – Вашингот 114-124, Детроит – Атланта 130-132, Њујорк – Хјустон 124-118, Мемфис – Сан Антонио 128-109, Минесота – Сакраменто 114-116, Оклахома – Милвоки 125-96, Јута – Индијана 111-112, Голден Стејт – Орландо 104-99, Портланд – Феникс 121-119 (прод.).