Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне зборуваше откако ремизираа 1-1 во градското дерби против Реал Мадрид во 23. коло од шпанската Ла Лига.
„Имавме добро прво полувреме, но крај противничкиот гол ни недостигаше смиреност да играме подобро. Второто полувреме започна со нивен гол, греда и поголем интензитет од нивна страна“, изјави Симеоне.
Тренерот на Мадрид го прокоментира и личниот настап на дел од неговите играчи.
„Симеоне имаше свои шанси, Љоренте имаше уште две и сето тоа заврши нерешено, иако и двете екипи можеа подобро“, додаде Симеоне.
Ремито ја задржа разликата во поредокот меѓу двата тима на само еден бод, со што Атлетико стана вистински конкурент во трката за титулата.
„Мислам дека можевме подобро во важни ситуации во близина на шеснаесетникот, не бевме прецизни како на другите натпревари. Во второто полувреме направивме неколку контранапади, можевме и подобро“, додаде Симеоне.