Џордан си “лапна“ најмалку 6 милиони евра од трансферот на Меси!

573

Иако повеќе од две децении не е активен на кошаркарските терени, сепак Мајкл Џордан и натаму си ја “билда“ својата доларска сметка, која вреди најмалку една милијарда долари.

Имено Џордан од трансферот на Меси, барем засега, заработил 6 милиони евра. Како што е познато веројатно најдобриот кошаркар во историјата, е сопственик на брендот “Еир Џордан“, кое стои како лого на дресот на ПСЖ.

И за секој продаден дрес на Меси и ПСЖ и Џордан имаат добар процент. Се проценува дека најголемата заработка оди кај “Најк“ а Џордан засега заработил “само“ 6 милиони евра. Но дресовите и натаму се продаваат наголемо, па и заработката на Џордан ќе се зголемува.

ПретходноРома и официјално го претстави Абрахам!
СледноТиквеш ги пушти во продажба билетите за утрешниот меч со А. Пандев!