Јанта Волеј КВ и Работнички без проблеми до четвртфинале во Купот на ОФМ

40

Со првите два меча одиграни синоќа, почна новата рунда од одбојкарскиот Куп на Македонија. Во рамките на осминафиналето во женска конкуренција, есенскиот лидер на табелата, Јанта Волеј КВ без поголеми проблеми дојде до очекувана победа над екипата на Куманово.

Во машка конкуренција, слична разврска имаше и на мечот меѓу Работнички 71&22 и Сушево, каде домаќините ја потврдија доминацијата и на крајот дојдоа до максимална победа за пласман во четвртфиналето.

КУП НА ОФМ (М) – 1/8-финале

Работнички 71&22 – Сушево  3:0 (25:9, 25:22, 25:18)

ДЕНЕСКА: 

Шкендија – Јанта Волеј (20:00 часот)

Универзитет во Тетово – Весна Пробиштип (19:30 часот)

Вардар – Скопје (20:45 часот)

Лирија – Македонија Џио (20:00)

КУП НА ОФМ (Ж) – 1/8-финале

Јанта Волеј КВ – Куманово 3:0 (25:2, 25:22, 25:11)

Ускана – Газели Волеј  0:3 (15:25, 15:25, 18:25)

ДЕНЕСКА:

Работнички – Форца Волеј (17:45 часот)

Наковски Волеј – Вардар 2019 (19:00 часот)

Младост УДГ – Бами Кор (19:00 часот)

Струмица – Пелистер (19:30 часот)

УТРЕ:

Фит Фан Волеј – Јанта Волеј Бут (13:00 часот)

Вардар ЕМ – Фламинго Волеј (17:15 часот)

 

ПретходноЛејкерси донесоа украински центар
СледноТројна победа за Швајцарија во машка екипна комбинација