Она што “СпортСпорт“ го најави во текот на денешниот ден, вечерва со официјално соопштение се огласи и Шкупи. Имено чаирчани поврдуваат дека долгот го платиле, но сепак не успеале да ги регистрираат новите имиња кои беа претставени како засилувања во зимскиот преоден рок:
„ФК Шкупи сака да ги информира навивачите и пошироката јавност дека поради некои бирократски пречки не успеавме да го деблокираме трансфер пазарот на клубот и покрај отплатата на сите долгови.
Како резултат на тоа, клубот нема да може да ги регистрира играчите кои ни пристапија во овој период. Сепак, со тимот и сегашниот фонд на играчи што ги имаме во нашите редови, уверени сме дека ќе ги постигнеме нашите главни цели за пролетниот дел од сезоната.
Им благодариме на сите навивачи за континуираната поддршка и посветени сме да дадеме максимум на секој натпревар.
Со почит,
ФК Шкупи