Мендеш го понудил Роналдо на Сити!

206

Утринава од Италија дојде веста дека Кристијано Роналдо би можел да се врати во Реал Мадрид и одново да соработува со Карло Анчелоти. Сепак стратегот на “кралевите“ на Твитер објави дека нема никакви шанси Кристијано да се врати во Реал и со тоа ги отфрли сите шпекулации поврзани со Португалецот.

Откако тој можен трансфар пропаднал, најнова вест е дека Жорге Мендеш, еден од најпознатите менаџери во светот и менаџер на Роналдо, го понудил својот клиент во Манчестер Сити.

Засега нема реакција од таборот на “граѓаните“, ни дали се заинтересирани за напаѓачот на Јувентус или не, сепак нив во преден план им е конечно да го реализираат трансферот на Хари Кејн од Тотенхем.

ПретходноМукаетов: За вас девојки – ГОЛЕМО БРАВО!
СледноПМФЛ: Утре на стадион само вакцинираните и прележаните на Ковид-19!