Македонскиот скијач Виктор Петков успешно ја заврши денешната велеслаломска трка на Светското првенство во алпско скијање во Залбах, Австрија.
Тој се соочи со предизвиците на патеката и силната конкуренција, при што заврши на 66. место од вкупно 100 натпреварувачи од целиот свет. Овој резултат претставува значајно искуство за него и дополнителна мотивација за идните натпревари.
Настапот на ваков реномиран натпревар е голем успех сам по себе, а Виктор со својата посветеност продолжува да гордо го носи македонското скијање на меѓународната сцена.