Македонија освои уште еден медал на Европското првенство во ММА, Алексовска се пласираше во финале!

94

Македонија освои уште еден медал на Европското првенство во ММА. Даниела Алексовска се пласира во финалето со победа над Рути Розмарин од Израел со едногласна одлука на судиите.

По двете добиени рунди, Алексовска на ист начин ја финишира третата рунда и се пласира во финалето. По крајот на третата рунда со едногласна судиска одлука Алексовска дојде до победата.

За европското злато во категоријата јуниорки до 52,2 килограми, Алексовска ќе се бори против ривалка од Украина во сабота од 18:20 часот. Таа веќе има сребрен медал, атакува на златото како што претходно тоа го стори Марко Трајановски.

ПретходноМомент на вистината за Македонија во Талин!
СледноМитревски ја има третата најдобра одбрана, „бомбата“ на Кузмановски во Топ 5 (ВИДЕО)