Кливленд и Оклахома „газат“, Детроит е плеј-оф тим (ВИДЕО)

54

Најдобриот тим на Истокот и целата лига, Кавалирс, му нанесоа тежок пораз на Њујорк, најтешкиот во ерата на Том Тибодо, со резултат 142:105. Ова беше шести последователен триумф за Кливленд, десетти во последните 11 натпревари. Кавс има скор од 46-10.

Во Охајо, Донован Мичел беше предводник со 27 поени, зад него беше Еван Мобли со 21. Од друга страна Џејлен Брунсон беше најефикасен со 26 поени, Карл-Ентони Таунс додаде 23, но тоа не беше доволно овојпат за пристоен пораз.

Во исто време, во Јута, Оклахома држеше час по кошарка. Шај Гилџес Александар и неговиот тим лесно се справија со еден од најлошите тимови во лигата, победувајќи го мечот без мака, што практично го решија во првото полувреме.

Кандидатот за МВП, Гилџес Александар овојпат беше скромен со 21 поен, Чет Холмгрен имаше поен помалку, Џејлен Вилијамс 18. На другата страна најдобар беше Џон Колинс со 26 поени.

Детроит забележа и нова победа – шеста во низа. Ова е фантастична сезона за Пистонс, тие моментално се шести во поредокот на Источната конференција и како што играат во последните недели, дефинитивно заслужуваат место во плеј-офот.

Како гости славеа против Сан Антонио Спарс со 125:110. Клучно за триумфот на гостите дефинитивно беше серијата од 19:0 во вториот дел, на која тексашаните немаа одговор. Во победничкиот тим, како и обично, овојпат се истакна Канингем со 25 поени и 12 асистенции. Во поразениот тим, во отсуство на Виктор Вембањама, за кого сезоната е завршена, убедливо најдобри играчи беа резервистот Келдон Џонсон со 28 поени и Дирон Фокс со 27.

Кливленд – Њујорк 142:106
Орландо – Мемфис 104:105
Вашингтон – Милвоки 101:104
Торонто – Мајами 111:120
Далас – Њу Орлеанс 111:103
Сан Антонио – Детроит 110:125
Хјустон – Минесота 121:115
Јута – Оклахома 107:130
Сакраменто – Голден Стејт 106:132

ПретходноСрамен потег на Далас: Го избришаа Дончиќ од промо-видео како никогаш да не играл (ВИДЕО)
СледноНека учат нашите клубови: Борац Бања Лука досега оваа сезона во Европа заработи речиси 6 милиони евра!