Вардар е жив, шампионот на колена среде Струга (ВИДЕО)

1431

Голема, огромна победа на Вардар во рамките од второто пролетно коло од ПМФЛ шампионатот. „Црвено – црните“ денеска среде Струга во маестрално одиграна партија обезбедија злато вредни три бода во дуелот со актуелниот шампион на Македонија, тимот на Струга Трим Лум.

Конечните 0:2 се дело на Закариќ односно Мато кои погодија во второто полувреме односно во 68. и 82. минута.

Она што се очекуваше од избраниците на Гоце Седлоски пролетва тоа конечно се остварува. Добра игра, создавање шанси, и нормално ефикасност. Во првиот дел имаше се освен ова последното. Погоден дирек уште на стартот на Сенхор, па потоа Омерагиќ со добар удар како и Донгмо, но Ќосевски расположен.

На спротивната страна Талески со одбраната на мечот спаси домашно водство по зицерот на Шабани.

Во второто полувреме Радески го тестира Талески, но овој денеска имаше супер ден. На спротивната страна Закариќ во ситуација потешко да се промаши но сепак „десетката“ на Вардар шутна над голот.

Закариќ се поправа за водство на Вардар

Конечно, по уште една добра акција на Вардар, Закариќ пласира во мрежата на Струга и обезбедува водство. Домаќинот шокиран, тргна да поправа, но само за да остави простор на својата половина за нововлезениот Мато.

Бомба за двојно водство

Тој еднаш одлично пробива, но не успева да ја мине последната пречка, еднаш шутира со десна преку голот, за да во 82. минута, прекрасно забие за 0:2.

Ова е голема, огромна победа за Вардар. По стартниот пораз пролетва од Шкендија на Арената ова се супер задоволувачки три бода од гостувањето кај Струга ТЛ. Вардар има уште многу да одигра до крајот на сезоната но сега ова е веќе сосема нова ситуација.

ПретходноЈунајтед се „врати од мртвите“ и освои бод кај Евертон
СледноБашкими со „шок“ терапија во Ѓорче