Што се случува со тимот на Динамо Загреб. Убедливо најуспешниот клуб со децении веќе на просторите на бивша Југославија, во моментов доживува резултатска и играчка катастрофа. Со новиот тренер Фабио Канаваро, Динамо е се подалеку од титулата, а од вчера нема веќе можност да се надева и на Куп титулата. „Модрите“ испаднаа од ова натпреварување по поразот од Осијек.
Ужасната изведна на Динамо синоќа, кулминираше со иземната во која во игра влезе нашиот Стефан Ристовски. Искусниот десен бек влезе на местото на Бартол Фрањиќ, но на клупата на „Модрите“ беа толку збунети и конфузни овој тој момент што не сфатија дека направиле погрешна измена. Поточно, дека Фрањиќ не е играчот што треба да излезе. Тоа го сфатија само секунда откако Ристовски зачекори на теренот, но веќе беше доцна. Канаваро беспомошно мафташе со раце и остана „укочен“ кога сфати дека е направена тешка глупост.
AHHAHHAHHAHAHHHAHHHAHHA KRIVOG IZVADILI pic.twitter.com/TkUBr14jZu
— Immobile17 (@Immobile171) February 26, 2025