Џемал Ибиши вчера на мечот со Пелистер одигра одлично. Напаѓачот на Шкупи беше стрелец на два од трите гола на својот тим, уште поважно некогашниот голем талент на мак-фудбалот блескаше на задоволство на фановите на чаирскиот клуб кој е во победничка серија.
Токму затоа “СпортСпорт“ го прогласи Ибиши за играч на ова 21.коло, а покрај него во тимот на колото од Шкупи е и Ајетовиќ. Покрај нив во идеалниот состав на 21.коло во ПМФЛ се и Василев (Гостивар), Рашид (Работнички), Незири (Беса), Алхасан и Р. Рамадани (Шкендија), Маронг и Хрвановиќ (Силекс), Виноградац и Осеи (Воска).
ИГРАЧ НА КОЛОТО
ЏЕМАЛ ИБИШИ
Тим: Шкупи
Роден: 18.01.2001 во Скопје
Кариера: Вардар, Локомотива Загреб, Дубрава, Оријент, Тиквеш, Шкупи















