Леброн Џејмс ќе биде надвор од терените најмалку една недела, но точната должина на периодот на рехабилитација по последната повреда ќе се знае утре.
Според Шамс Шаранија, ѕвездата на ЛА Лејкерс ќе пропушти 1 до 2 недели од тековната НБА сезона, според најдоброто сценарио кое го најавуваат лекарите. Детално, се ќе се знае утре, кога Џејмс треба да има уште едно скенирање.
Кошаркарот се здоби со повреда на препоните на мечот против Бостон и засега останува надвор од тимот.