ФОТО НА КОЛОТО: Радоста на вардарци по голот во Кратово!

315

Се играше длабоко во судиското продолжение, резултатот беше 1:0 за Силекс во неделата на дербито во Кратово. Вардар не се превдаваше, тоа беше последниот напад на гостите, домашните веќе се радуваа на победата и тогаш Азер Омерагиќ во манир на расен стрелец успеа да го пронајде патот до мрежата на Силекс за 1:1 и за голем бод во Кратово. Секако дека кога ќе се постигне таков гол и тоа во 90+8.минута, следува голема радост, така и беше, оваа фотографија тоа најдобро го покажува.

Треба да се каже дека гостите апсолутно го заслужија овој бод со својата игра кај тимот кој се бори за титулата.

ПретходноУ-21: Ова е списокот на Станиќ за контролите со Белорусија и Азербејџан во Анталија!
СледноКалин Ивановски избори пласман на главниот турнир во Пореч!