Кога ќе се даде еден од најспектакуларните голови и не само во оваа сезона, кога твојот тим ќе слави на гости кај Шкупи, тогаш јасно е дека Влатко Стојановски е играч на ова 23.коло. Влатко на домашните им “стегна“ гол од своја половина и затоа велиме дека Чаир уште долго, долго ќе го памети напаѓачот на Беса.
Покрај него од Беса, која славеше со 2:3 кај Шкупи, е и Алими во тимот на 23.коло. Во идеалните единаесетмина се и Алексовски и Рушевиќ (Работнички), Велков и М. Ѓорѓиевски (Брера), Матиќ и Омерагиќ (Вардар), Кривањева и Малески (Струга ТЛ), како и Ибраими (Шкендија).
ИГРАЧ НА КОЛОТО
ВЛАТКО СТОЈАНОВСКИ
Тим: Беса
Роден: 23.04.1997 во Делчево
Кариера: Металург, РНК Сплит, Неретванац, Дугопоље, Ренова, Ним, Шамбли, Горица, Шкендија, Септември, Работнички, Беса