Вечерва се става крај на осминафиналето во Лигата на Шампионите. По одигрувањето на четирите реванши во оваа фаза, ќе ги дознаеме и последните четири патници во 1/4 финалето.
Јасно е дека сите погледи се свртени кон “Метрополитано“ во Мадрид (21ч), каде Атлетико во градската битка ќе се обиде да го детронизира актуелниот европски првак и лут ривал, составот на Реал.
Секако дека ќе гори на “Метрополитано“ од емоции, од битка за секоја педа од теренот, а фановите на “јорганџиите“ сакаат победа и само победа и пласман на својот тим во четвртфиналето.
Да потсетиме дека Реал има предност од 1:2 од првиот меч.
Се чини дека Арсенал и Астон Вила немаат што премногу да се отпораваруваат вечерва против ПСВ и Бриж, ако се знае дека вечерва играат дома а од минатата недела како гости се изборија за предност од 7:1 и 3:1. Во фудбалот чудата се можни, но не и вечерва. Преголема е предноста за да дојде до било каква сензација на овие два меча. И двата се играат од 21 часот.
Програмата започнува од 18:45 со дуелот Лил – Дортмунд. Е, тука ќе биде супер интересно ако се знае дека на првиот меч на “Сигнал Идуна Парк“ беше 1:1.
По завршувањето на вечерашните мечеви ќе се знаат и сите двојки во 1/4 финалето.