Новоматик е нов спонзор на Фудбалската федерација на Македонија

447

На пригодна свечаност попладнево, раководството на Фудбалската Федерација на Македонија на чело со претседателот Масар Омерагиќ го претстави новиот спонзор, компамнијата Новоматик.

Истата вложува во македонскиот спорт извесен период, а еве сега дојде ред да се започне соработка и со Фудбалската Федерација на Македонија.

„Изразувам искрено задоволство од воспоставената соработка помеѓу Фудбалската Федерација на Македонија и компанијата Новоматик која што инвестира во македонскиот спорт воопшто веќе подлго време. Откако застанавме на чело на ФФМ пред три месеци консантно сме во носење на нови спонзори што многу ме радува и ми дава мотив за понатамошна работа“ – изјави претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, Масар Омерагиќ.

 

ПретходноАлексовски победник на развојниот шампионат во Анталија
СледноТриумф на девојките до 17.години против Словенија