Една од точките на дневен ред на Редовното Генерално Собрание при Фудбалската Федерација на Македонија беше Општинскиот фудбалски Сојуз на Струмица. Истиот повторно се активира, со делегати на самото Генерално Изборно Собрание на ФФМ.
Предлог одлуката на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ и Управниот Одборбеше изгласано од страна на делегатите – едногласно. Причините поради кои што ОФС Струмица беше суспендиран повеќе не се причина тој да не биде активен во иднина.
Во тек е Изборното Генерално Собрание, на кое Масар Омерагиќ, ќе добие нов четиригодишен мандат. Тој доби поддршка од УЕФА и ФИФА пред почетокот на истото потенцирајќи дека е вистинскиот кандидат за подобро утре на фудбалот.