По страшната трагедија во Кочани: ФФМ ги одложи денешните натпревари во сите конкуренции!

466

По страшната несреќа која ноќеска се случи во Кочани, во која има десетици починати лица, ФФМ одлучи да ги одложи сите денешни натпревари.

Длабоко сме потресени од трагичната несреќа во Кочани во која настрадаа многу млади луѓе.
Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со семејствата и блиските на настраданите.

Изразуваме најискрено сочувство и поддршка.

Фудбалската федерација на Македонија ги одложува денешните натпревари во сите конкуренции.

ПретходноДебитантот на најслабиот тим во лигата против Јокиќ одигра меч на кариерата (ВИДЕО)
СледноЦрн ден во Македонија: Откажани се сите спортски настани!