Атанасов поднесе оставка на тренерското место во Брера

1213

По денешниот пораз од Вардар со 0:2, тренерот на струмичка Брера, Тони Атанасов поднел оставка на тренерското место.

Брера со денешниот пораз се најде на последното место на табелата во Првата македонска фудбалска лига, со бод помалку од екипите на Воска Спорт и Тиквеш, кои исто така се наоѓаат во “црвената зона” за испаѓање.

Од почетокот на пролетниот дел на шампионатот, Брера има само две ремија и дури 6 порази на осумте одиграни средби.

 

ПретходноИспаднаа од Премиерлигата и испишаа анти-рекорд
СледноЈунатед и Сити без муниција, градското дерби без победник