Нов блесок на вардаровиот напаѓач Едиз Спахиу кој беше клучна фигура на својот тим во победата во Струмица на гости кај Брера со 0:2. При првиот гол асистент, а вториот погодок беше негово дело, мала мајсторија. И не е само тоа, треба да се знае дека во неколку наврати брзоногиот Спахиу одзема и неколку толку. Токму затоа според „СпортСпорт“ тој е играч на колото.
Покрај него во идеалниот тим на ова 26.коло, од Вардар се и Матиќ и Јанкулов. Тука се и Захов и Селмани (Беса), Влајковиќ, Шабани и Кехинде (Струга ТЛ), Донов (Силекс), Белица (Работнички), Љатифи (Шкендија).
ИГРАЧ НА КОЛОТО
ЕДИЗ СПАХИУ
Тим: Вардар
Роден: 18.03.2001 во Гостивар
Кариера: Шкендија, Гостивар, Тиквеш, Вардар