Васоски: Респект за Ќато и Ренова, сепак ние вечерва одиме на победа!

305

Вечерва од 20 часот, на стадионот “Благој Истатов“ во Струмица, Академија Пандев под светлоста на рефлекторите ја дочекува Ренова. Ова се две од трите екипи кои се на делба на првото место на табелата.

Тренерот на “пандевци“ Александар Васоски очекува атрактивен меч.

Респект за мојот колега Ќато Османи и неговиот тим. Секогаш ми било задоволство да ги одмерам силите со “гипсарите“. Секогаш играат отворено, на гол повеќе, знаат да прифатат пораз. Затоа ги ценам и искрено ги почитувам. И вечерва очекувам одличен меч. И двете екипи ќе атакуваат на противничкиот гол, ќе се игра отворен атрактивен меч под светлоста на рефлекторите. Реков, сиот респект за гостите, но ние и тоа ќе одиме на победа. Целта е да се продолжи победничкиот тренд“ изјави за „Спортмедиа“, стратегот на Академија Пандев.

ПретходноЛегендата на Ливерпул боледува од Алцхајмерова болест!
СледноЛудница во Лион: „Лавовите“ од сигурна победа, на крајот спасуваа бод (ВИДЕО)