Холандскиот напаѓач Мемфис Депај е нов играч на Барселона каде што дојде од редовите на француски Лион. Токму во францускиот клуб се препороди откако имаше еден период на слаба форма која резултираше со тоа што не играше во Манчестер Јунајтед.
Мемфис проговори за периодот на „Олд Трафорд“,го издвои Жозе Мурињо како виновник, поточно смета дека никогаш не добил вистинска шанса и поддршка за да блесне.
„Многу размислував зa тоа што тргна наопаку. Првата сезона морав да се адаптирам и не помина добро во споредба со моето време во ПСВ. Изгубив малку самодоверба и ја загубив довербата кај Ван Гал и неговиот персонал. Ми беше тешко. Следната сезона се чувствував како да имам повеќе искуство, но тие го сменија тренерот.
Мурињо дојде и јас се борев да влезам во тимот, но мислам дека никогаш не сакаше да ми даде шанса. Чувствував дека тренирам добро и самите играчи тоа не го разбраа.
Погба и Златан ме прашуваа: „Зошто никогаш не играш?’ За мене тоа беше потврда дека немам шанси. Сфатив дека морам да си одам. Имав долг договор, на пет години и добра плата, но не се чувствував пријатно. Така заминав и тоа беше најдобрата одлука што можев да ја донесам“, изјави Мемфис.